Полицијата во Добој, Република Српска, ќе поднесе извештај во наделжното тужителство против С.П. поради измама.Таа го измамила белгискиот државјанин А.А така што во целост не му го платила возењето со такси од железничката станица во Брисел до Добој, Република Српска.
– Во текот на возењето А.А. дала 260 евра. По доаѓањето во Добој требала да испалти уште 4.470 евра, што не го направила бидејќи во станот не ја затекнала својата ќерка која наводно требало да го исплати остатокот од сумата за превозот – било соопштено од полициската станица во Добој.
Оттаму велат дека измамата била пријавена во неделата.