ШТО СЀ МОЖЕ ДА ВНЕСЕТЕ ВО ГРЦИЈА: Две кутии цигари и еден литар алкохол за цел одмор


Цариниците имаат право да ја одземат храната и дека според законот за храна на ЕУ, секоја храна што е произведена надвор од ЕУ и згора на тоа не е вакуумирана цариниците имаат право да ја уништат.granica guzva2

Овој закон во земјите на Унијата се применува подолго време, но Грција беше толерантна и ѝ се прогледуваше низ прсти поради финансиската криза и туристите што доаѓаат во голем број.

Конкретно, тоа значи дека во Грција нема да смеете да внесете месо, млеко и млечни производи. Дозволено е да внесете само четириесет цигари, или 50 грама тутун. Можете да пренесете и еден литар пијалак, кој содржи повеќе од 22 проценти алкохол или два литра со помалку од 22 отсто алкохол. Кога се работи за пиво смеете да внесете 12 литри, а пак вино четири литри.

Дозволено е и два килограма храна за бебиња, како и за миленичиња. Готовнината над 10.000 евра, исто така, треба да се пријави кај цариниците.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1