СЕ ВРАЌА ОТЕШЕВО – Автокампот целосно реновиран (Фото)


Во текот на овој период целосно се реновираат повеќе објекти, како и вц-ињата во авто-кампот Отешево кој нуди одлична прилика за одмор по најниски цени и висок квалитет.

Туристите се враќаат во ова прекрасно место во Преспа, Отешево повторно живее.

avtokampradostАвтокампот е лоциран  на западната страна на брегот на Преспанското Езеро, во увалата на подножјето на планината Галичицаа, на надморска височина од 855 метри, во Туристичката населба  Отешево.

Автокампот располага со следниве капацитети:

  • 15 вили-бунгалови, сите опремени со посебно WCсо туш; мини кујна (со фрижидер, мини-шпорет и инвентар за кујната) и пространа тераса, и соба со три +1 лежај.
  • 3(три) јавни садоперални за миење садови за потребите на  камперите на Автокампот, со над 15 единечни места за миење садови;
  • 3(три) санитарни чворови, секој посебно опремен со по 8 (осум) WC кабини; по 2 писуари; и по 2 туш кабини;
  • над 250 локации (асфалтни  и тревнати) за кампирање на автоприколки, камп-приколки, трајлери и шатори, во вкупна површина од 4.800 м2.
  • продавница ( во близиназа прехрамбени продукти.
  • сопствена плажа пред самиот Автокамп.
  • посебен пристап и паркинг за чамци, глисери и др.
  • пречистителна станица за преработка на отпадните води.

Ot8Во близина на автокампот не постојат никакви загадувачи на воздухот и почвата, што го прават овој простор чист, незагаден, богат со озон, селен  и други природни благородни гасови кои здраствено благопријатно делуваат на животот и здравјето на луѓето, па од тие причини овој простор е наречен ,,воздушна бања,, или природни ,,бели дробови,, ,  и претставува природно лечиште за астма и други заболувања на белодробно-респираторниот систем.

            Заради  заштита и унапредување на животната средина имаме превземено повеќе мерки и активности и тоа:

  • Оградување на просторот на Автокампот со метални столбчина и поцинкована плетена мрежа,
  • Рационално управување со отпадот преку негово собирање, сортирање и транспорт на депонија во соработка со општинското комуналното претрпијатие.
  • Хортикултурно уредување на просторот на Автокампот, озеленување на целиот простор, засадување на украсни садници и повеќегодишни ружи, дрвореди и сенки на плажа, пред и околу  камперските единици-локации за кампирање и сл.
  • Рационално искористување на водата за пиење и одржување на хигиената во јавните санитарни и услужни објекти.
  • Преработка и прочистување на сите отпадни води во Пречистителната станица  за отпадни   води.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1