Се вратил од печалба по 4 години и видел дека жена му има бебе: Двојно убиство и самоубиство во Албанија


Албанската јавност повторно згрозена од криминал во семејство, јави дописникот на МИА од Тирана.

police-lenta-500Во куќа во близина на селото Бобоштица, кај Корча, се случи двојно убиство и самоубиство. Потврдено е дека Едмонд Фиќи(50) со 15 истрели од автоматска пушка ги усмртил сопругата Албина(40) и едногодишниот син, додека спиеле, по што пред влезната врата на куќата си пресудил самиот.

Според досегашната истрага, причина за трагедијата било татковството на детето. Имено, Едмонд, кој четири години живеел и работел во Грција и воошто не дошол дома, деновиве се вратил и сопругата ја затекнал со дете, по што почнале меѓусебните расправии, кои завршиле со масакрот извршен синоќа.

Едмонд ќе биде погребан во родното место, а неговат сопруга и детето во Драч, од каде била Албина.

Во вторникот во селото Сук кај Фиер седумдесет и три годишниот Бајрам Врапи со ловечка пушка ги усмрти неговите двајца браќа Џемаил (69) и Бесим (60) сопругата и ќерката на Бесим, Дрита (43) и Мируше Врапи (17), а потоа се самоубил, бидејќи не се согласувал со избраникот на внуката која требало да се сврши трагичниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1