Еве каде се туристите: 4 милиони во Турција само во јуни!


Околу 4,3 милиони луѓе ја посетиле Турција во јуни оваа година, покажуваат податоците добиени од Министерството за туризам и култура.

plaza3Статистиката покажува раст од 6,41 отсто на туристите во земјата во однос на истиот период во 2013 година.

Приближно 212 илјади лица се во групата на еднодневни туристи.

Вкупно, во првата половина на 2014 година, 15.238.000 туристи ја посетиле Турција, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на истиот период во 2013 година.

Најмногу туристи влегле во земјата преку граничните премини во Истанбул, Анталија, Едрене, Мугла и Артвин.

Се очекува оваа година бројот на странски туристи во Турција да надмине 35 милиони луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1