На видео снимката која ги запрепасти гледачите, е забележана опасната акробација на рускиот каскадер Александар Черников кој се качил на кров на една зграда, се запалил и скокнал во снегот.
Овој руски зависник од адреналин оваа егзибиција ја подготвувал една недела, заедно со својот „соучесник“ кој го снимил целиот настан.
За време на подготовките тој внимателно ја бирал зградата од која ќе скокне, за да обезбеди и да се осигура дека својот пад ќе го ублажи цврстиот слој на снег.
Една од мерките на безбедност која ја превземал е ткаенина од азбест кој ја замотал околу неговите нозе за да не изгорат за време на палењето.