Војислав Глигоровски (18), генијалец од Математичката гимназија е единствениот Србин кој оваа година се запишал на Сорбона, но нема пари за сместување, пишува Блиц.
Младиот Војо од мали нозе бил чудо од дете. Странски јазици почнал да изучува веднаш откако го совладал српскиот, па така денес течно зборува француски, шпански, англиски и руски. Член е на Менса од свои 17 години, што инаку е најниската старосна граници за примање во ова здружение. Сепак, негова најголема љубов се природните науки. Помеѓу математика, физика, хемија и биологија, тешко му е да се одлучи што најмногу сака. Зато и го одбрал Универзитетот Сорбона на кој би можел сите подеднакво да ги изучува.
„Факултетот се вика „Пјер и Марија Кири“ и е специјализиран за природни науки и медицина. Условите на студирање и истражување се феноменални. Тоа буквално значи остварување на мојот сон. Меѓутоа не постојат стипендии за основни студии, а колку што слушнав трошоците за живот во Париз се прескапи. Не можам тоа да си го дозволам“ – разочарано изјавил талентираниот ученик од Белград.
Ако не најде сместување во Париз до август, ќе мора да се откаже од својот сон.
„Најмногу ми е за добрите услови на студирање, да можам да го истражувам она што го сакам и она што ме интересира. Слушнав дека на Сорбона многу се работи, а тоа е баш она што го сакам. На крајот, работата таму се плаќа и цени, значително повеќе отколку во Србија“ – зрело заклучува Војислав.
Иако има само 18 години, тој веќе знае каква иднина сака и со што сака да се занимава кога ќе ги заврши основните студии.
„Основните студии би сакал да ги завршам во Франција, но докторските би ги бранел во Канада или некоја друга земја која пружа добри услови за истражување. Желба ми е да се занимавам со анализа на ДНК и да истражувам за тоа, од областа на биологијата во комбинација со математиката и информатиката“ – изјавува младиот генијалец.
Неговите родители се многу горди, но и загржени бидејќи не се финансиски во можност да му овозможат да студира на Сорбона. Освен тоа што не постојат стипендии за основни студии, Војислав не би можел да добие ни евтино сместување во интернат, каде место добиваат студентите од земјите членки на Европската унија и земјите од француското говорно подрачје.