Се запленуваат македонски производи во Србија – обвинети се за фалсификат


medeni srca

По обвинувањата од српската компанија Пионир од Суботица, дека две македонски компании ги фалсификувале нејзините производи “Негро бонбони“ и “Медени срца“, во Србија од испекциите се запленети неколку илјади парчиња од производите на нашите компании, јавува Б92.

Запленуваат се што ќе најдат од производот „Медењаци“ од брендот Винчини и од бонбоните Bon bon noire на Европа. Досега се одземени 15.000 парчиња “Медењаци“ и 9.000 парчиња бонбони.

Пионир од Суботица ги обвини двете македонски компании дека ги фалсификувале нејзините производи и поради тоа Пазарната инспекција при Министерството за трговија на 26 мај донесе три решенија со кои го прифаќа барањето за преземање мерки за заштита на регистрираните жигови важечки на територијата на Србија, вклучувајќи и мерки за привремено одземање и задржување на производите поради сомневање дека е повредена интелектуалната сопственост на Пионир.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1