Милич Вуксановиќ доживеа голема трагедија пред месец дена кога неговата ќерка Маја почина од хероин.
Сопругата на Милич, Сузана Вуксановиќ открива дека нејзиниот сопруг е во лоша психичка состојба и дека се плаши поради вината која ја чувствува да не си крене рака врз себе.
– Се уште преживуваме голема трагедија. Малку време помина, болката остана, се тера некако, ден по ден, важно ни е да го протераме овој период. Поради внуците мораме да застанеме на нозе, вели Сузана и додава дека Милич се обвинува себе си.
– Нема поголема тага од тоа родител да изгуби дете. Се што беше во наша моќ направивме, се обидуваме со разни клиники и во Хрватска и во Босна и Херцеговина, каде што слушнавме дека постои шанса секаде отидовме. Секој ден му зборувам да не се обвинува себе си па ни минута не се одвојувам од него, рекла Сузана.