Седум ипол години затвор за дедото на Тамара за обидот за убиство на Никола Тодоров


„Обвинетиот му се доближува и од непосредна близина го вперува пиштолот директно во неговата глава и испукува. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие туку затоа што оштетениот Тодоров успеал да се наведне и да помине под неговата рака“, вели Софија Лаличиќ, Судија.

Ова е дел од образложението на судијата Софија Лаличиќ за пресудата од 7 и пол години затвор за дедото на Тамара кој посегна по животот на екс министерот за здравство Никола Тодоров.. Скопскиот кривичен суд го прогласи за виновен Љупчо Стојановски бидејќи според неговите зборови, тогашниот министер го сметал за најголем виновник за смртта на неговата внука..

„Имајќи ја во предвид сензитивноста на целиот случај и вознемиреноста на цело општество по смртта на Тамара за што сите бевме сведоци, судот беше должен да го анализриа предметот и од аспект на емоциите кои ги побуди овој случај кај јавноста како и јавниот интерес и вистината да излезе на виделина. Во таа смисла судот со особено внимание го проследи сведочењето на Жаклина Димовска, мајката на Тамара и ќерка на обвинетиот како и документарниот филм Кога системот убива дете. Преку овие докази судот уште еднаш беше сведок на голготата низ која поминало семесјтвото Димовски при лекувањето на сега покојната Тамара, но се поставува прашањето „Дали пукање во главата на министерот за здравство ќе придонесе да нема повеќе други Тамари. Овој судски совет сочувстгвува со загубата на обвинетиот и неговото семејство но дали барањето правда преку одмазда по принципот око за око е правдата која сакаме да владее во нашата држава“, напиша во пресудата Лаличиќ.

Одбраната смета дека казната е превисока бидејќи не се докажала вината која му се товари на Стојановски..

Поради ова, одбраната најави жалба на пресудата..

Обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се случи на 1-ви јуни минатата година пред свеченоста за примопредавање на функцијата на тогашниот министер од новиот владин состав.

Обвинетиот Љупчо Стојановски ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата бидејќи според обвинителството и судот, ако е на слобода, постоела можност да го доврши кривичното дело..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1