Седум лица повредени во сообраќајката во Битола


7 лица се повредени вечерва во сообраќајната незгода што се случила на кружниот тек кај местото Црн мост во Битола.

Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени на битолската клиника, каде им е укажана лекарска помош и според информациите од битолската полиција никој од нив не е во животна опасност, пренесува „Тера“.

Фото: Тера

Фото: Тера

Од полицијата велат дека незгодата се случила околу 20 часот, кога и биле информирани од Итната медицинска помош.

Увидот се уште е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1