Седум месеци „умирал“ од рак, а бил здрав како дрен, му ја погрешиле дијагнозата!


Англичанецот Енди Гуд (50) минал седум месеци во агонија мислејќи дека умира од рак на панкреасот. Пред две години докторите му соопштиле дека му преостануваат уште неколку месеци живот.

„Одете дома и подгответе се за умирање“, кога ќе чуете вакво нешто цел свет ви се превртува наопаку. Од тој момент не бев повеќе Енди Гуд – татко, сопруг, пријател. Се претворив во Енди Гуд смртно заболен пациент. Следните седум месеци ми беа во знакот на смртната казна, а имав прекрасно семејство на кое му бев потребен, се потсетува Енди.

Напишал и тестамент, како и писма на своите пријатели, а најтешки му биле писмата за својата сопруга и ќерките. И еден ден, седум месеци по пеколната дијагноза, го информирале дека нема рак, и дека ги има сите можности за долг и здрав живот. Неточната дијагноза всушност била поради воспалување на панкреасот, лекарите помислиле дека станува збор за рак.

Добрата вест не го израдувала, напротив чувствувал празнина. Според експертите ваквата реакција е вообичаена кај пациентите што се спасуваат за влакно, без разлика дали станува збор за медицинско чудо или пак погрешна дијагноза.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1