СЕДУМ ПОВРЕДЕНИ: Косовец возел во обратна насока на патот Скопје-Велес


Седум лица се повредени, од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово. Според полицијата, околу 14 часот дошло до директен судир меѓу „мерцедес“ со велешка регистрација и „голф“ со странски таблички. Во „голфот“ имало четворица повредени, тројца во „мерцедесот“. Шестмина се пренесени во велешката болница, додека најтешко повредената сопатничка во „мерцедесот“ е префрлена во скопскиот Ургентен центар.

Soobrakajka-Veles-11Очевидци раскажуваат дека несреќата се случила кога црн автомобил, најверојатно со косовски регистарски таблички, удрил во „мерцедес“ со велешки таблички, патниците биле од Кавадарци. Сведоците тврдат дека косовскиот автомобил возел во спротивна насока на автопатот од Велес кон Скопје, најверојатно грешејќи ја делницата, додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, кога се судриле директно.

„Во 14,25 часот се донесени шест повредни лица. Едната пациентка, родена 1962 година, поради тешката повреда на главата веднаш е препратена на Ургентен во Скопје, додека на останатите пет лица се вршат прегледи и испитувања во нашата болница“, изјави д-р Силвана Мишкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1