Седум од повредените во вчерашната несреќа кај Карпалак во која починаа 14 лица сѐ уште се во критична и тешка состојба, но се стабилни, соопшти Министерот за здравство Венко Филипче.
Причините за несреќата се уште се утврдуваат. Возачот бил во свесна состојба и со него уште синоќа се направени разговори и се очекува да даде клучни информации во врска со несреќата, рече премиерот Заев, при денешната посета на повредените.
Возачот на авотбусот се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување рече директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов. Воедно упати апел до фамилиите на повредените да бидат спокојни, и да се сигурни дека установата ќе им пружи се што е потребно на повредените.