Седум златни правила за тропските горештини


Живата во термометарот се искачи над 35 степени целзиусови. Дел од балканските земји прогласија црвен метеоаларм, а кај нас се очекуваат температури кои што ја означуваат жолтата алертна фаза.

Тропските горештини на многумина од нас ни задаваат вистински проблеми и ги попречуваат секојдневните активности. Постојано сме испотени, исцрпени сме и нервозни.toploten bran

Еве неколку правила што ќе ви помогнат што е можно полесно да ги „преживеете“ тропските горештини без разлика на тоа каде се наоѓате.

  1. Избегнувајте да бидете директно изложени на сонце

Без разлика дали сте на одмор покрај езеро, море или во град, најважно е колку можете повеќе да избегнувате директна изложеност на сонце, а посебно во периодот од 11 до 15 часот кога се ултравиолетовите зрачења се најсилни. Доколку морате да излезете, тогаш задолжително заштитете ги телото и главата со облека и со шапка.

  1. Заштита од сонце

На сите изложени делови на кожата задолжително нанесете крема за сончање со заштитен фактор 15. Не заборавајте да нанесете крема на ушите, на задниот дел од вратот и на очните капаци. Тоа инаку е една од најчестите грешки што ги правиме кога се изложуваме на сонце.

  1. Заштитете ги очите

Ултравиолетовите зрачења може негативно да делуваат на нашите очи, затоа е важно да го заштитите и овој дел од телото. Истражувањата покажаа дека може да ги избегнете негативните последици од сонцето ако носите очила со вградени филтери против УВ зрачењето. Изберете модел на очила што покриваат поголем дел од подрачјето околу очите и кои што го спречуваат продирањето на сончевите зраци од страна.

  1. Пијте доволно течности!

Просечна личност во текот на еден ден треба да изпие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури тогаш се потребни многу поголеми количини течност за да се задржи хидрираноста. Секогаш носете со себе шише со вода, а најдобро ќе ве разлади обична млака вода.

5.Немојте премногу да се напрегнувате

Вежбањето на високи температури дополнително ја зголемува температурата на телото, со што се зголемува потењето и дехидрираноста на телото. Поради тоа може да дојде до грчеви во мускулите, неподвижност и исцрпеност, а во потешки случаи и до топлотен удар.

Ограничете го бројот на активнсоти со кои ќе се занимавате во текот на денот, а во најтоплите часови од денот избегнувајте ги и најобичните прошетки.

  1. Затемнете го станот

Затемнете го станот, за да ја спречите топлината да навлезе во вашиот дом, особено ако поголем дел од вашето живеалиште е свртено кон исток. Најдобро е да ги симнете ролетните, да ги изгасите светилките, да го исклучите шпоретот и другите апарати во домаќинството што генерираат топлина.

  1. Немојте да претерувате со апаратите за ладење

Ако имате потреба вештачки да го разладите домот со вентилатори и клима – уреди, секогаш внимавајте разликата во температурата да не биде поголема од 7 степени за да не предизвикате температурен шок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1