Седуммина загинати во железничка несреќа во Бугарија


Најмалку седум лица загинаа, а најмалку 25 се повредени кога товарен воз, кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино, во североисточна Бугарија.eksplozija-1

Товарниот воз пренесувал 26 цистерни со пропан бутан. Од се уште неутврдени причини излетал од шините при што дошло до експлозија и пожар, кој уништиле 20-ина околни објекти и куќи. Околу 150 пожариникари се ангажирани во гаснењето на пожарот.

Несреќата се случила утринава околу 5,37 часот по локално време, кога возот во кој повеќемината патници спиеле, влегувал во железничката станица во Хитрино.

Уште една жена се води како исчезната, која се уште пронајдена под остатоците од нејзината куќа.

Од дваесет и петтемина повредени тројца се во критична состојба.

Бугарскиот премиер во заминување Бојко Борисов изјави дека бројот на жртви сигурно ќе расте и ги повика граѓаните да даруваат крв за повредените.

Причините за несреќата не се познати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1