Седумнаесет отсто од македонските граѓани никогаш не биле на одмор


Меѓу европските земји, Литванија има ист процент граѓани што никогаш не биле на одмор како и Македонија, а единствено Романија и Унгарија (по 19 проценти) имаат поголем процент на граѓани што никогаш не биле на одмор.

maska_plaza_800lИстражувањето покажало дека од вкупниот број граѓани што лани заминале на одмор околу 37 проценти го минале одморот во земјава, а 17 отсто од граѓаните на одмор заминале во Грција. Половина од македонските граѓани што лани заминале на одмор тоа го сториле во некоја од земјите на Европската Унија.

Во однос на испитаниците што не биле никаде на одмор во 2013 година, 64 отсто од Македонците не го сториле тоа поради финансиски причини, 16 проценти од лични причини, шест отсто претпочитале да останат дома, а четири отсто не можеле поради работни обврски.

Во однос на услугите што ги користеле на одмор, 43 Македонци се претплатиле на оброк или други услуги таму каде што биле, но не на т.н. олинклузив-варијанта, во која уживале 22 проценти од нашите сограѓани. Според истражувањето на „Евробарометар“, 55 проценти од Македонците барем една ноќ престојувале надвор од својата земја од лични или професионални причини, а 42 отсто тоа не го сториле ниту еднаш.

plaza spionНа прашањето која била главната причина што лани заминале на одмор, најголем процент македонски испитаници одговориле поради сонце и плажа, а речиси половината посочиле и поради спа, велнес и здравствен третман. Точно 39 отсто од Македонците заминале да посетат роднини или пријатели, 42 проценти се одлучиле одморот да го минат на планина или езеро, 21 отсто патувале од културно-религиозни причини, а 19 проценти за да посетат конкретен град. Според истражувањето, 44 проценти од Македонците би се вратиле на истото место каде што одморале поради воодушевеноста од изгледот и одличното време, 32 отсто поради сместувањето, 30 проценти поради културно-историските атрактивности и 35 проценти поради поволната цена.

Рекордно за цела Европа, 35 проценти од Македонците го избрале местото за одмор на самото место, без претходна резервација, 29 отсто преку некого што го познавале на тоа место, 22 проценти преку шалтер во туристичка агенција и 21 процент преку Интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1