Сека Алексиќ претепа човек


Сека Алексиќ претепала човек, но истакнува дека не се кае и се надева дека му оставила сериозни последици.

Фолк пејачката учествувала во една гаража во Белград кога физички и вербално нападнала непознат човек кој својот бес со истурал врз куче скитник. Вели дека се надева дека му оставила сериозни повреди.seka-aleksic

Сека Алексиќ (33) за нападот објави на својот блог и вели дека ни малку не се кае. Сека го опиша овој немил настан што се случил во гаражата на еден познат белградски трговски центар.

-Слушнав крици од кои ми се смрзна крвта во вените, а потоа пред очите ми се појави ужасна сцена. Монструм со човечки облик шутираше беспомошно крваво куче во главата.

Ужасната сцена уште ми е пред очите. Не размислував што прво да фрлам и со што да го погодам злобникот. Кон неговата глава летаа шишиња со вино, стаклена чинија и сѐ што ми беше во кесите и не размислував колку силно ќе го удрам. Ако во рацете имав нешто потешко и поопасно сѐ ќе фрлев на него.

Дали поради моето викање или поради повредите што му ги нанесов, барем се надевам дека го сторив тоа, изродот побегна, напиша Сека и додаде дека се надева дека монструмот ќе ја пријави во полиција.

Огорчена сум што постојат такви болни луѓе и не можам, а да не му посакам да помине исто како што помина тоа недолжно суштество, пишува таа.

Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1