Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот


Сите јавно-здравствени установи се придржуваат до препораките за третман на итни и неодложни пациенти, вклучувајќи ги и оние со малигни заболувања. Во болниците има наредба според која, мора да постојат делови (амбуланти, патеки на движење) за овие пацинети. Притоа, на ниту еден пациент не му е скратена услугата, во ниту една здравствена установа, рече попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Филипче напомена дека сите случаи на коронавирус дијагностицирани во изминатиот период се должат на локална трансмисија. Тоа е начинот на пренос на сите случаи утврдени насекаде низ државата.

Во однос на времето од тестирањето до добивањето на резултатот, министерот појасни дека постапката обично трае 24 часа. – Ако се зема примерок во текот на денот, се анализира или вечерта или следниот ден. Тој процес трае 24 часа, а подразбира собирање, подготовка и изработка на земените материјали пред да се направи тестот во лабораторија, истакна Филипче.

Според него, секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на вирусот (антигенот) за да се знае дали е болен и дали може да ја шири зарзата. Стручно мислење на Комисијата за заразни болести е дека асимптоматските луѓе нема потреба да се тестираат.

Министерот Филипче нема информација, како што напомена, дека кај пациентка кај која е индицирана хоспитализација, тоа не е спроведено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1