На 4ти октомври во 1941 година, Џек Потер во својот дневник запишал дека танцувал со најпрекрасната девојка која некогаш ја запознал и дека навистина би сакал повторно да ја сретне.
„Таа беше неверојатна партнерка за танцување. И сè уште мислам дека е прекрасна жена. Ова дефинитивно беше љубов на прв поглед, сè во нашите животи доби смисла откако сме заедно. Беше чудесно!“
Се венчаа и уживаат во заедничкиот живот од тогаш. Џек 70 години чувал дневник во кој се запишани сите нивни приказни и љубовни шеги. Од неодамна, на Филис и е дијагностицирана деменција. Исто како и во приказната со Али и Ноа, Џек секојдневно и го чита дневникот на својата сопруга во домот во кој таа живее.
„Често пати го земам дневникот каде што е запишано сè и неколку заеднички слики. Таа ужива во тоа! Кога и да се завртам накај неа, таа ги истегнува рацете и постојано ме прегрнува, толку многу е приврзана и покрај нејзината здравствена состојба. “
Тие скоро ја прославија својата 70 годишнина од свадбата.
Нивното животно мото е „Што треба да биде, ќе биде. Ако треба да се случи, ќе се случи, ние само треба да се надеваме.“