Секој куршум во телото на мојата жена е по една рана во срцето на Богот за кој слепо убивате


Антоан Леирис, сопруг на една од загинатите во терористичкиот напад кој на петок 13 го извршија припадници на Исламска држава, објави срцепарателен статус на својот Фејсбук профил.

Неговиот Фејсбук статус расплака милиони ширум светот и никого не остави рамнодушен….Screenshot_175

„Во петокот вечерта му го одземавте животот на едно прекрасно човечко суштество, љубовта на мојот живот, мајката на мојот син, но јас не ве мразам. Не знам ниту кои сте, и тоа не сакам ниту да го знам. Вие сте мртви души. Ако овој Бог, во чиешто име убивате, ве направил по својата слика и прилика, тогаш секој куршум во телото на мојата сопруга значи по една рана во неговото срце.

Не, нема да ви го овозможам тоа задоволство да ве мразам. Вие тоа го сакате, но реакцијата со лутење на омразата би било исто како и да се поддржи незнаењето кое што ве направило да бидете вакви какви што сте.

Мојот син и јас ќе бидеме посилни од сите војски на светот. Не можам повеќе да трошам време на вас, бидејќи морам да му се посветам на мојот син кој тукушто се разбуди. Мојот син има само 17 месеци, се подготвува да ја изеде својата ужинка, а потоа јас и тој ќе си играме како што тоа го правиме секој ден, и тој ќе биде среќен и слободен до крајот на својот живот. Бидејќи никогаш нема да ја добиете неговата омраза.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1