Секој трет во Македонија е подготвен да се бори ако земјата е во војна


Висок процент од 38 отсто од граѓаните на Македонија се подготвени да се борат за својата земја доколку во неа има војна, покажало истражувањето спроведено од Брима Галуп.

Глобалното истражување спроведено во 64 земји од страна на ВИН/Галуп Интернешенел покажува дека 61 отсто од испитаниците би се бореле за својата земја доколку е во војна наспроти 27 отсто кои одговориле дека не би учествувале во одбрана на својата земја, односно тројца од пет би се бореле за заштита на својата земја.arm_parada-e1342607543391

Ситуацијата, пак, во Македонија покажува дека постои значајна разлика во размислувањата споредено со размилувањата на граѓаните од западна Европа, и тоа 38 отсто од граѓаните на Р Македонија се подготвени да се борат доколу земјата е во војна, наспроти 25 отсто од граѓаните на западна Европа кои би се бореле во случај нивната земја да е во војна.

Разгледувајќи ги земјите од Источна Европа во споредба со земјите од Западна Европа воочлива е значителна разлика во однос на ставовите на граѓаните и тоа двапати повеќе испитаници од Источна Европа (54 отсто) се спремни да се борат за својата земја во однос на граѓаните од Западна Европа (25 отсто). Сепак, најголемата разлика е воочлива кај земјите од MENA (земјите од Среден исток и северна Африка) регионот кои во 83 отсто ја покажуваат спремноста за борба за сопствената татковина.

Истражувањето покажува дека има разлики во спремноста на граѓаните за одбрана на својата земја во нашиот регион: Бугарија е на најниско (25 отсто), па Македонија (38 отсто), Србија (46 отсто), Грција (54 отсто), Босна и Херцеговина (55 отсто) и како најспремни за одбрана на својата земја се граѓаните на Косово (58 отсто).

Интересен податок на глобално ниво е дека 52 отсто од жените испитаници во ова истражување се подготвени да се вклучат во одбрана на својата земја во случај на војна во споредба со 67 отсто мажи. Во Македонија ваква подготвеност покажуваат 33 отсто од жените во однос на 43 отсто од мажите.

Вкупно 62.398 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македонија, БРИМА спроведе теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.204 испитаници на возраст 15+ години, во период од 01 – 24 Ноември 2014, со маргина на грешка од +/- 3% со ниво на доверба од 95 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1