СЕКОЈ ЗАРАБОТЕН ХОНОРАР ЌЕ СЕ ПРИЈАВУВА ВО ПИОМ


Секој денар заработен врз основа на авторски договор или договор на дело ќе мора да се пријавува во Фондот за пензиско осигурување, кој потоа ќе утврдува дали лицето има или нема обврска да плати придонеси. За вработените и пензионерите оваа обврска ќе настане ако остварат приходи поголеми од просечната плата од 21.300 денари, додека за лицата кои немаат други приходи ако месечно заработат над 9.590 денари.ujp_sajt

Консултантите велат дека со новите измени работите се многу појасни, за разлика од претходно кога се соочиле со голем број нејаснотии и дилеми.

Од СДСМ бараат целосно повлекување на обврската за плаќање придонеси на хонорарите. Последните законски измени не менуваат ништо за граѓаните кои земаат минимални хонорари, бидејќи нема да ги уживаат правата од Законот за работни односи, велат од опозициската партија.

Од ВМРО ДПМНЕ со одговор дека СДСМ ја манипулира јавноста и се обидува да оцрни мерки кои се во корист на граѓаните. Најновите законски измени беа донесени во консултација со државните институции и врз основа на забелешките на повеќе граѓани и организации, се вели во соопштението на владејачката партија.

Телма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1