Охридската полиција синоќа откри организирана група што се занимавала со проституција, а во рамки на акцијата биле пронајдени и запленети и три килограми марихуана.
Според полициското соопштение, по добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, при претрес на стан во Охрид, сопственост на Н.П. (48), биле затекнати две девојки – Д.Д.Ј. (22) од Ботевград, Република Бугарија и К.Ж.(20) од струшкото село Велешта, при нудење сексуални услуги.
Полицијата во останатите простории од станот ги затекнала и лицата Г.Р.(23) од Велешта, Б.М. (37) од Македонска Каменица, како и А.А.(23) од градот Сливен, Република Бугарија.
При претрес на станот во машина за перење биле пронајдени три пакувања од по еден килограм опојна дрога марихуана, облепени со селотејп лента, внимателно завиткани меѓу алиштата. Пронајдени се и пари, мобилни телефони и други предмети кои се одземени и предадени на вештачење.
Сопственикот на станот, охриѓанецот Н.П., и е добро познат на полицијата. Против него СВР Охрид има поднесено неколку кривични пријави за постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, „тешка кражба“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а за дел од нив изрекувани му се и затворски казни.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава