Полицијата во Чиле уапсила четири луѓе осомничени дека припаѓаат на секта која за време на ритуал запалиле живо дете старо три дена.
Водачот на сектата наводно верувал дека крајот на светот се ближи и дека бебето е антихрист.
Мајката на бебето е една од уапсените и наводно таа го одобрила жртвувањето на детето.
„Бебето било голо. Му залепиле лента преку устата за да не плаче. Потоа ја ставиле на даска, ги повикале духовите и ја фрлиле во огнот“, изјавил полицискиот истражител Мигуел Ампуеро.
Сектата, која брои 12 члена, е основана во 2005. година, а ја водел Рамон Густаво Цастилло Гаете кој е во бегство. Сите членови на сектата се вработени лица со факултетски дипломи.