Секунда до светска војна: Руски борбен ловец намерно се залетал во американски авион


Над Охотското Море меѓу Русија и Јапонија пред неколку недели имаше инцидент заради кој светот лесно можеше да потоне во глобален конфликт. Рускиот борбен авион намерно се залета кон американскиот шпионски авион, кој летал над областа и како во сцена која потсетува на акционен филм, буквално во последната секунда го избегна

avion_wiki_670295S1Како што тврдат американските воени извори, рускиот авион му се приближил на американскиот на помалку од 30 метри.

“Тоа беше една од најопасните блиски средби во изминатите неколку децении”, рече Стив Ворен од канцеларијата за односи со јавноста на Пентагон, наведувајќи дека инцидентот се случил кон крајот на април.

Ворен вели дека рускиот борбен ловец се залетал фронтално кон американскиот авион, а пилотот со опасен маневар во последната секунда одеднаш авионот го насочил нагоре и така го избегна судирот. За време на инцидентот, немало радио комуникација меѓу двајцата пилоти.

И американскиот министер за одбрана Чак Хејгел и командантот на Здружението на началници на Генералштабот генерал Мартин Демпси протестираа кај своите руски колеги. Од Москва за сега нема никаква официјална реакција.

Стив Ворен за новинарите не кажа зошто за инцидент известува дури сега, односно, зошто за сѐ се молчело повеќе од еден месец.

“Опасното пресретнување од страна на рускиот авион Су- 27 е многу полошо отколку што доживеавме за време на Студената војна”, рече пензионираниот американски генерал на воздухопловните сили Thomas McInerney. “Повеќе од четири години ги поминав како командант на северноамериканскиот одбранбен регион на Алјаска во екот на Студената војна и никогаш не сме виделе такво однесување на поранешниот СССР”, додаде тој.

Непосредно пред инцидентот, кој Пентагон сѐ досега го чуваше како тајна на Црното Море рускиот воен пилот во неколку наврати надлетуваше американски воен брод, кој пловел во близина на Украина по анексијата на Крим.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1