Села бара 500.000 евра од насилниците кои го претепаа


Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во македонското Собрание.

Абедин Абдули, кој е адвокатот на пратеникот Зијадин Села, денеска во процесот против тепачите на неговиот клиент – Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра, рече дека побаруваат 500.000 евра.

Бараната сума е за материјалните трошоци за лекување, а нематеријалните за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет, рече адвокатот.

Поради промена на надвајца поротници главната расправа почна од почеток. Обвинителот Дарко Јакимовски и адвокатите на десетмината обвинети пред судечкиот совет со кој претседава судијката Славица Андревска рекоа дека остануваат на воведните зборови дадени на претходното рочиште. Денешното рочиште продолжува со распит на сведоци.

Plusinfo.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1