Села избран за претседател на ДПА: Тачи да ги врати печатите или ќе се формира нова партија


Зијадин Села е избран за нов претседател на Демократата партија на Албанците, на денешниот шести конгрес кој го организираше Движењето за реформи во партијата

Ова раководство на ДПА објасни дека според статутот шестиот конгрес требало да се одржи токму денес, а не како што го направи ДПА под раководство на Мендух Тачи во октомври 2014 година.zijadin sela

– Нашиот избор е легитимен. Сега ќе се обратам до Мендух Тачи да ги врати печатите. Ако тоа не го направи ќе има судски спор. Знаејќи какво е нашето судство, очекуваме и на суд да не добиеме. Во тој случај ќе постапиме според одредба во новиот статут каде се вели дека Конгресот авторизира или наредува да се поведе постапка за да се формира нова партија – изјави Зијадин Села на новинарските прашања околу правната разврска за тоа кој ќе ја раководи партијата.

Според Села, оваа реформирана ДПА ќе дејствива опозоциски и ќе се обиде да добие најмногу доверба кај гласачите Албанци на наредните избори.

– Тачи и Ахмети припаѓаат таму во Владата на Груевски. ДПА ќе биде вистинска опозиција, ќе соработува и со другите опозиционери со цел да се создаде голем абански блок кој ќе ги добие изборите – рече Села.

Одговарајќи на новинарско прашање за разврска на актуелната политичка криза, Села посочи дека треба тоа да го направат европски судови како примерот на ЕУЛЕКС на Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1