Села не ги дава гласовите за македонски кандидат


Алијансата за Албанците се оградува од информациите дека ќе поддржат македонски кандидат во вториот круг за претседателските избори.

Од партијата велат дека секогаш работеле и ќе работат на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија.

– Алијансата за Албанците не прави политичко пазарење зад очите на јавноста, ниту за претседателските, ниту за локалните избори. Нашата единствена цел е победа на искрените Албанци во двете трки во кои што влеговме. Никогаш не сме направиле изборно партнерство со ниту еден македонски ентитет, ниту пак ќе го сториме тоа во било кој момент, ако тоа не е во служба на унапредување на правата на Албанците во согласност со нашата политичка платформа и во целосна транспарентност со Албанците и широката јавност. Албанците добро знаат кој се пазари и кој чека на вратите од владата без принципиелен и транспарентен договор, туку само за тесни интереси на кланот или за опстанок поради многубројните хипотеки – велат од Алијансата.

Од таму додаваат дека тенденциозните вести се за да се дефокусира јавноста од утрешниот протест за одбрана на Фета Алими, или од успехот на Блерим Река и Арбен Аголи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1