7 смртни случаи од последица на грип за 10 дена


Нови седум смртни случаи од компликации од грип во земјава, објави во неделниот извештај ИЈЗ.

Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Тројца се од Скопје, две лица од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово.

Двајца претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. Нема информација каде биле лекувани и во која здравствена установа умреле.

За неполни 2 месеци во државата 22 лица починаа од компликации од вирусот.

-Иако секоја недела во земјава има смртни случаи од компликации од грип, денеска никој ниту од Институтот за јавно здравје, ниту од министерството за здравство не излезе јавно да даде изјава дали има потреба од дополнителни превентивни мерки.

Годинава во Македонија циркулира така наречениот свински грип, кој лабораториски е потврден и кај најголемиот дел од починатите.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1