Села не се изјаснува за уставните измени, денеска ќе се сретне со Заев


Заитересираноста на НАТО Македонија да стане членка на Алијансата како многу важен сегмент и за регионалната стабилност, за стабилизација на регионот.

Тоа е пораката што му била пренесена на лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села на денешната средба со шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ.

Села на денешната прес-конференција во Собранието посочи дека двајцата разговарале и за нивните предлог амандмани кои ги имаат поднесено во врска со уставните измени предложени од Владата кои, како што рече, смета дека ќе придонесат уште повеќе за стабилноста на државата и регионот.

-Мислиме дека е многу важно Македонија да стане членка на НАТО, а со тоа да не повлече со себе внатрешни проблеми кога ќе биде во НАТО. Во овој контекст се и нашите предлози за граѓаните во Република Македонија да се чувствуваат еднакви со еднакви права, а не како што се функционирало изминативе 30-тина години кога сме имале две категории на граѓани-граѓани и како граѓани. За жал предлагачот, во случајов Владат, настојува на тоа првата реченица во Преамбулата да почнува со граѓани и македонски народ и да продолжува „како и граѓани и делови од народ”. Никој не треба да се плаши од еднаквоста и од праведноста, а сите ние треба да се плашиме од компромисите кои се правеа со законот за амнестија и други компромиси кои ги гледаме преку СЈО, рече Села.

Запрашан дали партијата ќе ги поддржи уставните измени доколку не бидат прифатени нивните предлози, Села рече дека партискиот став ќе го соопштат за неколку дена. Потврди дека денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за нивните барања.

Рече дека Алијансата на Албанците поднела шест амандмани и според него со нив не се прави ревизија на Охридскиот рамковен договор, бидејќи како што посочи во самиот Рамковен договор е наведено дека уставите треба да се прилагодуваат на потребите на граѓаните во едно општество.

Тој ги отфрли обвинувањата на вицепремиерот Бујар Османи дека тие заедно со БЕСА се кочничари на процесот на уставните измени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1