(Видео) ХБО објави сцена од последната сезона на „Игра на тронови“


Продуцентската куќа ХБО објави сцена од новата сезона од серијата „Игра на тронови“, неполни четири месеци пред премиерата на последната, осма сезона. Видеото трае само неколку секунди, но обожавателите на хит-серијата коментираат дека се возбудени..

Затоа што следната сезона од оваа серија е последна и затоа што има релативно малку податоци за неа, средбата меѓу Санса и Денерис е голема работа.Со оглед на тоа што средбата е прикажана како смирена и љубезна, тоа може да индицира дека тие сѐ уште не знаат за ледениот змеј што го нападна Ѕидот.

Винтерфел е ваш, ваше височество – ѝ рече Санса Старк на Денерис Таргариен на видеото кратко неколку секунди, сигнализирајќи сојуз меѓу двете девојки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1