Села нема да биде дел од Владата на Заев без избори


Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес.
Оваа едногласна одлука на партијата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото, велат од Алијанса за Албанците, јавува ТВ 21.
Инаку, оваа партија синоќа го одржа своето прво Централно собрание во Кичево, по партискиот конгрес кој се одржа на 10 март 2018 година.

На седницата беа избрани дел од раководството на партијата, генералниот секретар, централното претседателство, претседателот на Академија и комисијата за статутарно-правни работи.

Воедно на централното собрание е донесен заклучок во кој се вели дека партијата ги поддржува напорите и преговорите за решавање на проблемот со името, но се против решение на име напишано само на кирилично писмо.

Од Алијанса за Албанците велат дека предлогот за името треба да биде меѓународно преведен и не треба да биде на јазикот само на одредена етничка заедница во земјава.

tv21

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1