Блерим Река и Зијадин Села на вечерашната конференција за медиумите рекоа дека очекуваат распишување предвремени парламентарни избори.
Изборите беа фер и демократски, но излезноста на гласачите беше мала, изјави Блерим Река, кандидатот за претседателските избори на Алијансата за Албанците и Беса. Тој рече дека ако освои повеќе гласови од ДУИ ќе се активира во политиката. Река освои 51.000 гласачи, а очекува таа бројка по завршувањето на пребројувањето во сите избирачки места да биде 80 илјади.
Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците го потсети премиерот на дадениот збор.
„Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор“, рече Села.
„Ние се уште немаме реален список, реално имаме само 1,5 милиони граѓани, тоа е реалност и затоа немаше доволно излезеност на изборите. Ние сме задоволни од гласањето, особено во општините со албанско население, а исто и во македонските општини. Не е важна бројката, туку поддршката. Ова најавува една нова политичка пролет која ќе се цементира во идните претседателски избори. Кога рековме дека нема да тргуваме со гласачите, така и се случи, тоа се нивни гласови и ние не тргуваме со гласовите на граѓаните”, рече Река на прес конференција.