Селото е проклето- Драгана не е единствената која беше ѕверски убиена!


Речиси идентично сценарио кое и се случи на несреќната Драгана од Салаш, се случило и претходно во истото село.

Зајечарското село покрена голем интерес по грозоморното и ѕверско убиство кое се случи неодамна, во кое беше убиена 18-годишната Драгана. Ова не е прво грозоморно убиство во селото бидејќи претходно 28-годишниот Дарко Стефановиќ ја убил својата девојка, Александра Стојановиќ, која тогаш имала само 16 години, пишува српски Курир.

500darko-stefanovic-ubio-de

Во месец јули во 2009 година, се случило речиси истото крваво сценарио, кога Дарко убил малолетничка, пукајќи и во главата со пиштолот на татка си. Потоа, откако ја убил и самиот си го одзел животот со истиот пиштол. Телата ги нашол таткото на момчето кога се вратил утредента од работа.

И овој трагичен настан се случил откако Дарко со месеци и се заканувал на Александра праќајки и пораки на телефон, бидејќи бил љубоморен.

Сепак, не се само девојките жртви на проклетото село, како што велат мештаните.

Во август минатата година младо момче го загубило животот во стравична сообраќајна несреќа, од како пред неговиот мотор истрчало куче.

Селаните велат дека има нешто проклето во селото, пренесува српскиот Курир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1