Семакедонска средба во Трново


Единствена Семакедонска средба ќе се одржи денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново од 10.30 часот. Илинден првпат обединети ќе го чествуваат заедно 43. Светска македонска иселеничка средба и 34. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Организатори на средбата се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот македонски конгрес, кои договорот за здружена прослава го постигнаа на 2 јули.sredba-500

Покровител на Семакедонската средба ќе биде битолскиот градоначалник Владимир Талевски, а присутните ќе ги поздрават членови на Владата и на Собранието на Република Македонија.

Организаторите нагласија дека не станува збор за укинување ниту на 43. Светска македонска иселеничка средба ниту на 34. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како што навеле некои медиуми, туку дека двете ќе се одржат заедно, во исто време и на исто место.

– Обединети, со ист народ, во една единствена семакедонска средба, за разлика од досега на истото место за само неколку дена да се одржуваат две средби. Не постојат разлики меѓу прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и иселениците од Македонија. Затоа што сите сме Македонци и обединувањето е нужност за решавање на македонското прашање во целина, рече Иван Џо Петревски, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, претходно на прес-конференција.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес и на  Организацискиот одбор на манифестацијата, Тодор Петров, ги соопшти основните пораки на Средбата.

– Семакедонско помирување и обединување, безусловен крај на разговорите за промена на државното име Македонија, единство во одрбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, унапредување на положбата на правата на Македонците во соседните земји на Републиката на реципроцитетна основа, посветеност за трајно решение на македонското прашање во целина и решение на статусот и барањата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни, Првата светска војна и Граѓанската војна во Грција, враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права, рече Петров.

Организаторите очекуваат присуство на околу 10.000 Македонци од целиот свет и делегации од сите соседни земји. За поголема масовност, тие обезбедиле превоз до Трново со 16 автобуси од Скопје и по еден од Велес, Штип и Радовиш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1