Семејна драма поради имот – тетовец нападнат од роднини


Тетовец бил нападнат од соите роднини по расправија околу имотни прашања, информира МВР.

„Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово, 33-годишниот И.Р. од Тетово пријавил дека околу 14:30 часот во неговиот дуќан во Градскиот трговски центар во Тетово, по кратка расправија околу имотни прашања, бил нападнат со употреба на остар предмет од неговите роднини, 29-годишниот С.Ј. и 37-годишниот Н.И., исто така, од Тетово. Двајцата пријавени набрзо се обезбедени во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци“, соопшти полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1