Семејните прослави се ризик а не отворањето на границите, кажа Филипче


На денешната прес-конференција Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека семејните прослави се голем ризик за ширење на коронавирус а не отворањето на границите.


-На почетокот на кризата најголем ризик беше увоз на вирусот, но сега тоа е локалната трансмисија. До 3 проценти е бројот на луѓе кои патувале и кај нив е сигурно дали се заразиле надвор – рече министерот.

„Многу мал процент до 3% се заразиле надвор. Во таа смисла транзит преку границите согласно нашиот договор сметаме дека не е ризик, затоа што е слична или иста епидемоилошката ситуација, и секаде важат речиси истите мерки. На почетокот на кризата многу малку се знаеше за вирусот, и затоа беа тогаш мерките од карантини и ограничување во движењето. Секаде се препорачуваат маските и дистанцата. И само така може да ја пребродиме зимата“, изјави Филипче кој коментираше и за престојниот викенд кој е најавен за викенд без ДДВ каде постои ризик за групирање на граѓаните.

На новинарско прашање кој ќе ги контролира домашните собири, Филипче одговори.

„Тоа е предизвик голем. Свесни сме дека еден сериозен дел од тоа како ќе се спроведува мерката паѓа на самите граѓани. Граѓаните да се свесни зошто го препорачуваме. Технички и формално по пријава може да реагираат Инспекторатот и полицијата, но многу е важно граѓаните да сфатат. Голем ризик се престојните слави, но верувам дека граѓаните ќе бидат свесни и ќе се воздржат од нивно организирање“, рече министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1