Семејство на починат кој бил заразен со КОВИД-19 одбива комуникација со епидемиолозите


Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

Многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на давањето на податоци за тие контакти и присутни на самиот чин на погребот, рече Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот случај на еден починат, за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погребан, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.

– Ова е сериозен проблем за епидемиолозите. Во насока на тоа, секаде каде што епидемиолозите и Државниот санитарен и здравствен инспекторат има потреба го известува Министерството за внатрешни работи, рече Филипче.

Во однос на работата на угостителските објекти, министерот Филипче потенцира дека протоколите се јасни. Додаде дека се укажува на тоа оти треба да има сосема мал број на гости и да се запазат принципите на овие препораки.

– Очигледно дека поголем број граѓани не се свесни за сериозноста на проблемот и вирусот, дали не се плашат од болеста или мислат дека на нив не може да им се случи, меѓутоа многу луѓе заболеа и починаа. Сериозна е болеста. Ние успеавме да го изамортизираме ударот, не се преполнија болниците. И можеби затоа се нема вистинската слика за тоа што се случуваше во некои други земји, рече Филипче.

Апелира дека суштината во натамошната борба е почитување на мерките и така да го вратиме постепено животот во нормала.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1