Спасувачките екипи на југот на Грција го продолжија пребарувањето низ запалените куќи и автомобили во потрага по оние кои се водат како исчезнати.
Во пожарите кои ја зафатија областа околу Атина, животот според најновите информации го загубија 79 лица.
Еден од спасените е и Никос Ставринидис кои раскажа како тој и неговата сопруга дошле на пристаништето Рафина да се одморат, но и да ја подготвар куќата за својата черка, која овие денови требало да дојде на летување.
„Се е случи многу брзо. Огнот беше оддалечен од нас, но кога тргнаа да летаат искри во секунда се најдовме во жариштето. Ветер дуваше, носеше се пред себе. Беше неверојатно. Никогаш во животот не сум видел вакво нешто, објаснува овој човек.
Тој додаде дека заедно со група пријатели истрачале на плажа, а кога виделе дека немаат каде да бегаат, влегле во морето.
„Се гушевме од чадо, додека не носеше силна струја. Истиот ветер кој го ширеше огнот на копно, правеше бранови на море. Наскоро се изгубивме, бевме дезориентирани. Нуркавме колку што можевме за да се оддалечиме од чадот. Отидовме подлабокот во морет. Но не одвлече стујата таму каде то таа сакаше. Не знаевме кај се наоѓаме, раскажа Никос Ставринидис.
По два часа борба да се одржат во живот, здогледале спас. Мал рибарски брод со египетска посада, го спасиле Никос, неговата сопруга и приајтелите.
„Скокнаа во море поради нас, ни дадоа облека, направија чај и не згреаја. Беа одлични. Им балгодарам“, додава тој.
Меѓутоа двајца луѓе кои влетаа во вода со нив, жена и нејзиниот син, ги проголтало морето.
-Страшно е да гледаш како се дави лице покрај тебе, а ти не можеш да и помогнеш. Едноставно не можеш, додаде Никос и едвај изговори дека „таа болка која ја чувствуа поради нивната загуба засекогаш ќе биде во него“.