Иако семејството на малата Лили Мае Мекинстри, се надевало дека овој Божиќ ќе го прослават со неа, сепак еден месец порано го доживеале најлошото нешто што може да му се случи на еден родител.
10 годишното девојче неодамна почина како последица на рак на мозокот, но се чини дека девојчето тоа го очекувало.
Имено, Лили преку интернет порачача подароци за нејзините најмили за да им пристигнат точно на празникот, иако била свесна дека најверојатно нема да го дочека моментот кога ќе види како ги отвараат.
Семејството не знаело ништо за тоа, па биле запрепастени која по нејзиниот погреб почнале да пристигнуваат мистериозни подароци. Но, кога Ендру и Вики, родителите на несреќното девојче сфатиле дека недостигаат пари од кредитната картичка на татко и, сфатиле за што се работи.
– По нејзинта смрт, ги средувавме нејзините работи и бевме шокирани кога најдовме податоци од кредитната картичка на Ендру. Нашето прекрасно, посебно девојче сите не изненади со божиќни подароци, раскажува низ солзи мајката на Лили.
Лили била здраво, активно девојче, се додека минатиот мај не и бил дијагностициран редок рак на мозокот во завршна фаза, кога и отишла на шестнеделно зрачење. По тоа, лекарот ги соопштил ужасните вести, туморо растел и покрај терапијата.
Девојчето добро ги познавало нејзините блиски, па им купила се што сакаат и на што се радувале, но и длабоко останале потресени, бидејќи раните се уште свежи. Таа на сите кои ги сакала им пратила и порака на благодарност, а на семејството му напишала и тестамент.
Во писмото пишува дека кога ќе умре, нејзиниот Ајпод му го остава на татко и, лап топот на братот, а нејзината омилена кукла и облеката на сиромашните деца.
Иако за ова семејство Божиќ никогаш повеќе нема да биде ист, поради подароците малку им е полесно.