Семејство завиено во црно – за 10 минути судбината им го зема Ангел


Семејството Петковски од Тетово дошло и се населило во Ѓорче Петров пред 20 години, веднаш по турбулентните настани кога граѓаните спречија обид за изградба на камп за бегалци од војната во Босна.

mesto-banskoliev3Куќата ја изградиле непосредно до местото каде што загина Ангел. Започнале нов живот, а кога Ангел пораснал се запишал во Средното медицинско училиште во Тетово.

Дваесет години по доаѓањето во Скопје, животната судбината на семејството Петковски втор пат се менува. Овој пат за само неколку секунди.

Во моментот на убиството, оние кои биле во близина само слушнале еден крик – „сине“ и виделе страотна глетка. Таткото со синот на раце легнат на скали, а по неколку секунди и тој онесвестен легнат покрај синот. Соседи и пријатели се стрчале да помогнат, но останале стаписани. Никој не знаел што да прави. rekonstrukcija

Траорна беше сликата на најдобрата другарка на Ангел. Таа пиштеше, родителите ја држеа. Паѓаше неколкупати во несвест од хистерични напади предизвикани од жал по изгубениот другар. Неколкупати ја освестуваа со вода. Не сакаше да си замине од местото.

– Ангел, зошто Ангел, што ќе правам сега без тебе – лелекаше девојчето.

majka angelСамо неколку минути потоа нов шок. Од блиската патека со трчање се приближи жена. Таа пиштеше и се фрли кон телото на Ангел. Тоа беше мајката.

– Ангел, сине, што ти направија. Зошто тебе, а не мене. Мене да ме земеа, ти да живееше – лелекаше мајката.

Нејзе ѝ се приближи само медицинска екипа која се обиде да ја соземе жената. Но таа сама клечеше покрај телото и тажеше. Набрзо дојдоа и блиски роднини. Полицијата им дозволи да се приближат до мајката.

– Ангел ми го заклаа. Јас си идев од работа и гледам Брза помош, сите викаат Ангел е мртов. Не верував, нозете сами ме донесоа до моето чедо. Зошто, зошто – лелекаше жената во прегратките на постара роднина.

Никој, ниту полицијата ниту роднините потресени од траорната состојба на жената немаа сила да ја оддалечат од своето прерано изгубено чедо. Набрзо дојдоа и други роднини. Тагата се прелеа кај сите луѓе што немо го следеа настанот. Солзите сами потекоа.

Целата информација на – Нова Македонија 

Последно збогум за Ангел
Адвокат Двојаков: Ножот не бил на убиецот, туку на Ангел
Ова е Ангел – Во четвртокот славел матура – убиен со 2 убоди во срце од крадецот на неговиот точак

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1