Семејството го издадоа мобилните телефони: Некој од блиските лаже за убиството на Јелена


Со споредување на податоците од базните станици за нивното движење и изјави, полицијат ги фати во лага членовите од семејството на Јелена Марјановиќ за тоа каде биле за време на злосторството.

Најблиските членови од семејството на убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) не ја кажале вистината за своето движење на 2. април кога пејачката е брутално убиена.jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-ubistvo-zvezda-granda-1460573937-885981_1-50266

Ова е заклучок од истрагата по вкрстувањето на податоците од базните станици и изјавите кои ги дале во полиција, дознава Српски Курир.

Соговорник од истрагата за весникот вели дека ова е нов момент во истрагата кој само повеќе го потврди нивното сомневање дека во ликвидацијата на Јелена се вмешани одредени членови од семејството.

Телото на пејачката Јелена Марјановиќ најверојатно е донесено на насипот во Црвенка и дури ден по убиството.

Обдукцијата врз телото на жената покажа дека тоа во вода било само три часа, што директно укажува дека останатите 17 часа се наоѓало на некое друго место.

Полицијата уште не го отфрли сомнежот дека пејачката можеби е убиена на друго место, а не на насипот во Црвенка каде секојдневно трчала.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1