Лекарите за да му го спасат животот по добиената согласност од семејството итно му ја отстраниле ногата до над колено.
Поради гангрената почнале да му откажуваат органите и ова бил единствениот начин да преживее.
Лекарите го советувале семејството на актерот се уште да не му се каже дека ја загубил ногата поради можен стрес кој може дополнително да му ја наруши здравствената состоја. Семејството донело одлука да не му кажуваат на Бата дека ја загубил ногата се додека неговата состојба не се подобри.
Сопругата Лула изјавила дека состојбата на Бата била критична но и дека сега е под силни лекарства и пополека закрепнува.
-Му благодарам на Господ што бактеријата која му предизвикуваше хаос во организмот не е повеќе во неговото тело и дека пополека се враќаат виталните параметри кои беа многу загрозени, изјавила Лула.