Семејството на Николиќ се сомнева дека се самоубил


Информацијата дека е пронајден обесен во тоалетите брзо се проширила низ затворското крило. Затворениците со кои контактираше Телма се зачудени од инцидентот.

Од вестта за смртта на Николиќ е шокирано и неговото семејство. Во телефонски разговор велат дека не бил депресивен и човек кој никогаш не би посегнал по сопстевениот живот. Испратија фејсбук разговор со затвореник кој им вели дека Николиќ дури се радувал што ќе излезе на прв викенд. zatvor-stip

Од управата за извршување санкции велат дека откако стражарите дознале за настанот веднаш повикале брза помош но само била констатирана смрт.

За време на престојот во Казнено-поправниот дом Штип каде ја издржувал казната затвор, осуденото лице Никола Николиќ не покажувал знаци на психички заболувања, нема користено антидепресивна терапија и не боледувал од никакви хронични болести.

Адвокатот на Николиќ не сака да коментира за причините за смртта. Вели дека викендов се слушале 30 тина пати, се договарале за тоа како ќе се затворат сите случаи и според законот тој ќе добие единствена казна затвор од 15 години. По ова ќе можел да добие и слободен викенд.

Telma

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1