Сенди откорна дабово дрво во кое бил закопан скелет


На само ден пред Ноќта на вештерките, во Конетикат, Кејти Карбо била преплашена од откриениот скелет кој што се наоѓал под едно дабово дрво откорнато од ураганот Сенди.

 

Черепот на скелетот бил поставен наопаку со отворена уста и сеуште истиот бил поврзан со рбетот и градниот кош. Иследниците се упатиле веднаш кон Њу Хевн Грин, на местото кое што некогаш се користело за погреби.

„На почетокот мислев дека е некаква карпа. Но, кога почнав да го извлекувам, парче коска заврши во мојата рака. Со стап почнав да го расчистувам теренот и нечистотијата и го забележав скелетот, черепот, ребрата, пршлените“, изјави Карбо.


Од направените извештаи се верува дека скелетот е од жена која боледувала од сипаници или жолта треска, а се претпставува дека била погребана во периодот од 1799 до 1821 година. Во тој период надгробните плочи биле преместени, но не и телата.

Дабовото дрво било засадено во 1909 година во чест на претседателот Абрахам Линколн. Портпаролот на полицијата Дејвид Хартман изјави дека остатоците од скелетот ќе бидат истражени од страна на медиински испитувачи.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1