Сензација: Пронајден град стар повеќе од 7000 години


Сензационално откритие на група на Археолози, во Египет пронајдени остатоци од град стар повеќе од 7000 години, со куќи, грнчарии, голема гробница и алати.

Градот се наоѓа покрај брегот на реката Нил, во близина на храмот Сет Први во Абидос.star-grad-640x398

Експертите истакнуваат дека големината на 15-те пронајдени гробници укажува на високиот општествен статус на погребаните.

Се верува дека во градот живееле значајни личности и градители на гробниците и најверојатно тој бил во врвот на својата моќ во периодот на раното античко доба во Египет.

Археолозите на овој локалитет пронашле многу различни предмети и објекти, вклучувајќи и згради, куќи и алат направен од метали и камен, пренесува ББЦ.

Стручњаците веруваат дека во овој град живееле значајни градители на гробници , кои веројатно ја изградиле и кралската гробница во блискиот Абидос. Град кој бил престолнина во раниот период на стариот Египет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1