Сензационално: Првата жена со пресадена матка е бремена (Видео/Фото)


Derya Sert 1

Лекарите известија дека 22 годишната Derya Sert е во вториот месец од бременоста откако успешно беше пресаден ембрион во болницата во Анталија.

Derya се чуствува одлично, таа е првата жена на која и е комплетно пресадена матка. Девојката е родена без матка и во 2011 година во истата болница каде сега зачна, се одлучи да ризикува и да биде првата жена на која и е пресадена матка.

,, Најмногу на свет сакам да бидам мајка, се би ризикувала за тоа, немам друг избор морам да се обидам па макар и да не успее,, изјави Дарја пред операцијата.

Derya Sert 4Сега е насмеана и среќна, но и малку загрижена. Само се да мине како треба само моето дете да е добро, вели таа.

Се очекува да биде породена со царски рез, а потоа неколку месеци подоцна матката ќе и биде отстранета за да се избегнат понатамошни компликации.

Нејзиниот случај влеа надеж во целиот свет на жените како неа кои се или родени без матка или пак поради рак морала да им биде отстранета.

Првата ваква операција е извршена во 2000 година во Саудиска Арабија каде беше пресадена матка од жив донор. Но по 90 дена телото го отфрли органот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1