Сергеј Трифуновиќ се огласи по нападот: Ќе го тужам човекот кој ме изгриза! (ФОТО)


Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ беше нападнат вчера од страна на непознат маж пред киоск за брза храна во Белград. Полицијата денеска го привела 41-годишниот маж, кој на Трифуновиќ по кавгата му нанел лесни телесни повреди. Актерот потоа бил згрижен во Ургентниот центар и пуштен дома, пишува српски „Б92“.

– Човекот ме нападна без никаква причина. Скокна врз мене и во тоа борење ме изгриза. Не бев најден на улица, туку отидов сам во Ургентниот центар каде ми ги дезинфицираа раните. Психијатар ќе мора да ви каже која била причината на конфликтот, не го знам човекот, првпат го видов во животот, причината е единствено во неговата глава – изјавил Трифуновиќ за српски „Ало!“.sergej 6

„Кога ме виде почна да режи на мене. Јас сум добро, немам повреди на главата, само на прстите. Уапсен е, дал изјава, има сведоци. Јас физички изреагирав само кога тој скокна врз мене, бидејќи морав да се одбранам“, додал актерот.

Трифуновиќ исто така остави фотографија и коментар по нападот на својот профил на Инстаграм:

„Претпоставувам дека љубоморниот Ханибал Лектор, пратил трениран ученик, бидејќи заврши на второ место на листата на психопати на ИМБД.“

Напаѓачот во меѓувреме е сослушан и потоа е пуштен да се брани од слобода, дознава „Бета“. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Во изјавата за српски „Блиц“ Трифуновиќ наведува дека напаѓачот, кој бил видно алкохолизиран, ќе го тужи:

– Скокна врз мене. Се обиде да ме гризе по ушите, по телото. Успеа да ме изгриза по прстите. Ќе го тужам тој лик – рекол Трифун

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1