Земјотреси во Хрватска: паника и материјална штета


Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри.

Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала, јави Хина.

Хрватската престолнина се тресеше десетина секунди, а луѓето панично излегоа на улиците. Вести за предизвикана материјална штета доаѓаат од целиот град и околината, соопшти загрепски „Јутарњи лист“.

Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Во некои згради, sидовите испукале, некаде се урнал покрив, а во станови паѓале полици и слични предмети, пренесува Индекс.

Хрватската полиција апелира граѓаните да не се собираат пред зградите по земјотресот, бидејќи може лесно да дојде до ширење на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА, веднаш по потресот голем број граѓани се групираа пред зградите, а тоа според лекарите е опасност за брзо ширење на коронавирусот. Од таму информираат дека го разбираат стравот кај жителите, апелираат да останат надвор, но со потребна дистанца меѓу нив со цел спречување на ширењето на заразата.

Во меѓувреме хрватските Центар за цивилна заштита апелираше граѓаните да не влегуваат во своите домови бидејќи некои од нив се оштетени, а евентуални нови потреси можат да бидат многу опасни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1